AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Куче со лаење прекина прес конференција – Мицотакис: Обично не пречекува на врата и е пољубезен

Лаење на куче за момент ја прекина заедничката прес конференција на премиерите на Грција и Словачка.

Се работи за куче по име Пинат (Peanut) кое неодамна било вдомено во премиерската палата во Атина од страна на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и неговите соработници.

Имено, кучето започна да лае за време на изјавата на Мицотакис, односно откако го заврши делот за Западен Балкан.

Тој за момент запре со зборување, а потоа се сврте кон неговиот словачки колега и му објасни дека станува збор за нивното „гласно“ куче Пинат.

„Ова е кучето кое што неодамна го посвоивме и кое понекогаш е малку бучно. Но, ова е првпат да интервенира на прес конференција, обично не пречекува на врата и е пољубезен“, истакна со насмевка Мицотакис, а потоа продолжи со прес конференцијата.