Медицинска сестра вработена на Инфективното одделение во Општата болница во Куманово, ноќеска е повредена откако била нападната додека била дежурна во ноќната амбуланта. Нападот го извршил Ф. Ј. (38) од Куманово во 1.40 часот, кој подоцна бил уапсен, соопшти полицијата, објави СДК.мк
Медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и ѝ ставил чаршаф на главата, по што почнал да ја дави и да ја удира.
Таа паднала на подот, по што тој ѝ ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги земал ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се оневестила.
Мешницата ја слушнале нејзините колешки и дошле да видат што се случува, при што ја нашле на подот со чаршафот на глава во бесознание. Откако ја освестиле веднаш повикале полиција и го алармирале обезбедувањето. Насилникот во меѓувреме побегнал.