Втор ден по ред Македонија има меѓу најзагадените градови во Светот. Вчера тоа беше Куманово, кој се најде на првото место според загаденост, а денеска Скопје од 7. позиција утринава, „падна“ на 10. место околу 10 часот.
Со намалувањето на температурите, се очекува и загаденоста да биде зголемена. Македонија речиси секоја година има проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, но загаденост е присутна и во другите градови.
Минатата година Град Скопје воведе мерки за борба против загаденоста. Во услови на екстремна загаденост, автобусите ќе бидат бесплатни, се ограничува возењето на автомобилите, а паркинг услугите се наплаќаат двојно.
