На прагот на Курбан Бајрам, патот од амбулантата Бит Пазар до хотел Континентал и оваа година се претвори во сточен пазар.
Сточарите кои продаваат курбани велат дека има мала заинтересираност и покрај фактот што за муслиманската заедница, тие кои имаат можност, колењето на курбан претставува обврска.
Но, сосема нешто спротивното велат верниците кои ТВ21 ги сретна во сточниот пазар.
Симболот на празникот е колењето курбан. За да се прифати курбанот, тој треба да исполнува неколку услови: животното да не биде постар од 1 година, сите заби да му се здрави, да не биде повредено. Инаку, пред неколку дена ИВЗ и Комунална хигиена Скопје апелираа остатоците од курбанот да се фрлат во соодветните садови поставени за остатоците од курбан.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ