Косовскиот премиер Аљбин Курти денеска изјави дека на северот на Косово се идентификувани 45 лица припадници на, како што наведе, терористичките организации „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“.
Курти изјави дека овие лица наводно учествувале во напади врз војници, полицајци и новинари на КФОР.
„До денес се идентификувани 45 лица, кои учествувале во насилни напади врз војници, полицајци и новинари на КФОР, но користеле и оружје. Видовте какво оружје беше конфискувано на 23 јуни. Србите кои ни испраќаат информации стравуваат овие криминалци најмногу.секогаш кога функционира законот.Имаме безброј факти и докази дека се работи за терористичка организација,ако не го објавиме ќе му наштетиме на нормализацијата“, изјави Курти за приштинските медиуми.