Квотите за лековите заминуваат во историјата

Граѓаните од утре ќе можат да добијат лек што им е препишан на рецепт од која било аптека во државата и во кој бил ден во месецот. Од утре се укинуваат квотите  за лековите и се воведува нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт.

На денешната прес-конференција во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев истакна дека оваа мерка ќе им донесе бенефит на сите граѓани во земјава.

На прес-конференција на која присуствуваа и премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и  вториот директор на Фондот за здравствено осигурување Охран Рамадани, Дончев нагласи дека со новиот систем на работа сите аптеки во државата ќе бидат во еднаква позиција. Постарите и изнемоштени лица, малолетните и оние лица кои поради некоја спреченост нема да можат да ги подигнат лековите,  нема потреба да стравуваат дека ќе останат без лекарства, рече Дончев.

Министерот Филипче потсети дека оваа мерка почнала да се спроведува како пилот проект во туристичите места во земјава за време на летниот период – во Охрид, Струга, Гевгелија, Ресен и Дојран, а сега во втората фаза се проширува на ниво на целата држава.

-Со оваа мерка нема да има повеќе турканици, нема да има повеќе нетрпение, нема потреба граѓаните да создаваат домашни аптеки во страв де не останат без потребните лекови. Ова е само еден дел од мерката реформи за подобрување на здравствените услуги, рече Филипче.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното