КЗБ со препорака за укинување на маските во средните училишта
Како што претходно објавивме, Комисијата за заразни болести денеска излезе со предлог да се укине носењето заштитни маски во средните училишта.
Портпаролот на КЗБ д-р Злате Мехмедовиќ истакна дека епидемиолошката состојба има тренд на опаѓање, а се намалуваат и болничките хоспитализации.
„Комисијата за заразни болести одлучи да даде препорака за укинување на маските во средните училишта“, вели Мехмедовиќ.
Тој додаде и дека се овозможуваат екскурзии за учениците во средните и основните училишта.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни