„Ла Верита“: „Заев и Рускоска вмешани во Рекет“? Обвинителството вели: „Тоа се лаги“

Италијанскиот весник „Ла Верита“ со нови детали за случајот „Рекет“. Според последните написи на новинарот Ласер Гајсер, во „Рекет“ се вмешани и премиерот Заев и главната обвинителка на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска. „Ла Верита“ тврди дека Заев побарал од Рускоска да деблокира 750.000 евра на бизнисменот Силјан Мицевски кој ги префрлил на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, за проектот за изградба на дом за стари лица. Според информациите на весникот, еден ден по замрзнување на парите, Заев лично побарал од Рускоска да ги деблокира и за 48 часа таа наредила на надлежен обвинител да ги деблокира парите.

„Во текот на нашата истрага, добивме потврда дека Управата за финансиско разузнавање, сомневајќи се во незаконски дејствија при трансферот на парите на Силјан Мицковски, ја замрзнала исплатата од 750.000 евра во корист на Лилјана Тодоровска. Почитувајќи ги законските процедури, УФР за потенцијалното кривично дело го известила Обвинителството за организиран криминал и корупција на чие чело е Вилма Рускоска. Таа тогаш имала целосно право да одреди притвор на определено време и да започне истрага.“, пишува „Ла Верита“.

Од Обвинителството велат дека тврдењата на весникот „Ла Верита“ во врска со трансферот на 750.000 евра на Меѓународниот Сојуз и постапувањето на обвинителката, Вилма Рускоска, се шпекулации. Од таму велат дека во периодот за кој пишува весникот, Вилма Рускоска не била шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„Обвинителството смета дека јавноста треба да го има предвид фактот дека Управата за Финансиско разузнавање, на крајот на 2017 до Обвинителството за организиран криминал и корупција доставило иницијатива за сомнителна жиро сметка во вредност од 719.000 евра. По оваа иницијатива постапил надлежен обвинител и наредил замрзнување на финансиските средства, по што постапила и УФР. По добиените сознанија од УФР дека нема основа за сомнеж за извршениот трансфер, на 12 април 2018 парите биле деблокирани и според нашите сознанија истите се повлечени ден потоа.“, велат од ОЈО.

Од Обвинителството додаваат дека Рускоска е назначена од Советот за Јавни обвинители на 14 ноември 2018, 7 месеци по повлекувањето на овие финансиски средства.
Во меѓувреме, бизнисменот Силјан Мицевски во својот исказ во Обвинителството, рекол дека парите не ги испратил на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска туку на меѓународниот сојуз на Боки 13. Тој пред да влезе во обвинителство, пред новинарите изјавил дека ќе ги бара сите пари кои ги дал во организацијата Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното