Македонија

Лабовиќ за оставката на Ленче: Не би коментирал лични одлуки, бидејќи на системот не му се потребни лични одлуки

Лабовиќ за оставката на Ленче: Не би коментирал лични одлуки, бидејќи на системот не му се потребни лични одлуки

Професорот Миодраг Лабовиќ оцени дека актуелните случувања во јавното обвинителство се одраз на подлабоки системски слабости и дисфункционалности, а не само на поединечни одлуки.

Во гостување во емисијата Ноќно Студио на 4ТВ.мк, коментирајќи ги состојбите поврзани со оставката на обвинителката Ленче Ристоска, Лабовиќ посочи дека не би навлегувал во лични одлуки, бидејќи, како што рече, системот не треба да се потпира на индивидуални потези.

„Не би коментирал лични одлуки, бидејќи на системот не му се потребни лични одлуки. Ова може да биде резултат на многу негативности во нашиот систем, особено кога станува збор за јавното обвинителство, како и на дисфункционалностите во неговото функционирање“, изјави Лабовиќ.

Тој додаде дека во конкретниот случај постои и двоен аспект – од една страна, одредена негативна перцепција кон лицето, а од друга страна, прекумерна медиумска експонираност.

„Постои одредена негативност кон неа, но од друга страна, таа беше и премногу експонирана во јавноста“, рече професорот.

Лабовиќ потсети и на институционалниот контекст, наведувајќи дека лицето било дел од, како што рече, „антиуставна и квазиинституционална структура“, која во меѓувреме била реформирана.

Погледнете ја целата емисија:

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни