Ласа треската во Нигерија однесе 158 животи

Во Нигерија оваа година од треската Ласа починаа 158 лица.

Во писменото соопштение на нигерискиот центар за контрола на болести, се наведува дека епидемијата од јануари се проширила во 24 држави, како и во главниот град Абуџа.

Се вчитува...

Во овој период е констатирано дека биле откриени 782 случаи на ласа треска, а од епидемијата починале 158 лица.

Идентификувани 3 лекови за третман на епидемијата

Во соопштението се наведува дека повеќето од заразените се на возраст од 21-30 години и жени.

Нигериската влада соопшти дека се одредени 3 лекови за лекување на епидемијата.

Минатата година беа откриени 674 случаи, а починаа 102 лица во епидемијата на треска Ласа, која се зголеми во ноември и мај, кога секоја година се доживува сушниот период.

За прв пат беше откриен во Нигерија во 1969 година во државата Борно.
Ласа треската, која е забележана во многу африкански земји како што се Мали, Того, Гана, Либерија и Сиера Леоне, за прв пат беше забележана во Нигерија во 1969 година во државата Борно на североистокот на земјата.
Нигериската влада прогласи вонредна состојба поради треската Ласа на 23 јануари 2019 година.

Болеста која се пренесува со контакт со измет од глувци може да се пренесе од човек на човек и предизвикува фатална хеморагична треска.

Надлежните ја предупредуваат јавноста да внимава на хигиената и да не доаѓа во контакт со глувци и други глодари.