Македонија

Лашкоска: Ги уништувате настаните кои се препознатлив белег на Македонија

Кои се Вашите критериуми во оваа следна фаза на раскрчмување на културата? Во оваа држава постојат закони, или барем постоеја се додека СДСМ не дојде на власт. Ако се ревидира, треба да се ревидира целата програма. Со Вашето однесување културата ја истретиравте како да е пазар, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

„Со ваквото Ваше однесување овој сериозен проблем сакате да го сведете на административна грешка. Не, овде не се работи за административни пропусти и суштината на овој голем проблем не е само во одбиените проекти. “

Лашкоска потенцираше дека проблемот е во програмата за која нема и не треба да стивнат реакциите од ниту една фела, програма која веќе како што вели ја донесовте, а со која ја уништувате културата и уметноста. Ги уништувате настаните кои се препознатлив белег на Македонија.

„Најтрагично од се е тоа што повиканите, односно оние што се најодговорни за оваа невидена катастрофа, воопшто не ја разбираат суштината на проблемот. Не е проблемот дали ќе се прифатат дел од одбиените проекти, проблемот е во оние што веќе добиле средства без било каков уметнички критетиум да биде задоволен, а уште помалку јавниот интерес на граѓаните чиишто пари се трошат.

СДСМ го уништува чувствтвото за припадност на еден народ кон сопствената култура. Нема назад после оваа непроценлива штета што СДСМ ја прави и во овој свет сегмент – културата!

По овој скандал кој што ја потресе јавноста и Република Македонија, ние како партија од народот бараме неотповиклива оставка од Зоран Заев и Асаф Адеми. Исто така одговорни се и неговите советници Ласкова и Алаѓозовски кои и тие треба да поднесат неотповикливи оставки.“

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни