Свет

Лавров: Не сме против името, прашањето е легитимноста на процесот

Министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на годишната прес-конференција изјави дека Русија не е против новото име на Македонија и Москва нема ништо против тоа, но дали целиот процес е легитимен за негово усвојување.

„Ние отсекогаш сме го поддржувале тој дијалог. Ние секогаш зборувавме да се најде решение на начин прифатлив за јавноста, народите и секако владите на Грција и Македонија. Ние не сме против името што на крајот се појави и беше соопштено. Ние само ја доведуваме во прашање легитимноста на процесот и колку тој навистина се должи на стремежот на Грција и Македонија да најдат консензус или се должи на желбата на САД да ги внесат сите балкански земји во НАТО што е можно побрзо за да го запре руското влијание во регионот“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни