Лажен Путин „завладеа“ со светот: Повеќе од 4 милиони луѓе го гледаат како прави руска салата и палачинки (ВИДЕО)

На почетокот на декември 2020 година, анонимен корисник отвори профил на ТикТок наречен „прв човек на Русија“, посветен на рускиот претседател Владимир Путин. За само три месеци, со кратки видеа, тој собра повеќе од 4,7 милиони следбеници.

Каналот објавува т.н. „deepfake“ снимка на актер кој го имитира Путин. Технологијата „Deepfake“ се заснова на вештачка интелигенција која овозможува производство или модификација на фотографии и снимки и со тоа манипулира со содржината за да личи на избраната линост.

Честопати, ваквите записи изгледаат толку реалистични што многу корисници не можат да разликуваат дали станува збор за вистинска или лажна снимка.

На лажниот профил на Путин, можете да најдете снимки во кои рускиот претседател танцува на популарните хитови на ТикТок, ја посетува салата, сауната, покажува како се подготвуваат палачинки и руска салата.

@1facerussia

Проезжал мимо Новосибирска. Пришлось вмешаться. А в вашем городе чистят дороги? 🤔 ##снегопад ##дороги ##новосибирск

♬ оригинальный звук – Первое лицо