Македонија

Лажна дојава за бомба во кочанското училиште „Св. Кирил и Методиј“: Учениците безбедно евакуирани

Лажна дојава за бомба во кочанското училиште „Св. Кирил и Методиј“: Учениците безбедно евакуирани

Утринава во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е примена закана за поставена експлозивна направа, која по извршените проверки од страна на полицијата е утврдено дека е лажна.

Веднаш по добивањето на информацијата, учениците и вработените биле евакуирани од објектот според утврдените безбедносни протоколи.

Заканата била испратена преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Штип.

Службени лица на МВР веднаш излегле на терен и извршиле детален антитерористички преглед на училишната зграда.

Истрагата е во тек за да се открие изворот на лажната дојава, а во училиштето се постапува согласно предвидените процедури за вакви ситуации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни