Лажна дојава за поставена бомба денеска предизвика вознемиреност во основно училиште во Куманово, по што веднаш реагирале полициските служби.
Од СВР Куманово информираат дека околу 12:50 часот била примена пријава дека на електронската адреса на едно основно училиште во градот е испратена закана за експлозивна направа. По добиената дојава, полицијата презела итни мерки и извршила проверки на терен.
По деталната контрола, било утврдено дека станува збор за лажна пријава и дека нема опасност за учениците и вработените.
Од полицијата посочуваат дека се преземаат активности за целосно расчистување на случајот и откривање на испраќачот на заканата.
Надлежните засега не соопштуваат за кое училиште станува збор, но неофицијално, дојавата била испратена на електронската адреса на ООУ „Крсте Мисирков“.
