Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Лазовски: Тешко дека некој ќе вложи пари во „Алта банка“, политичките изјави не се доволни

Лазовски: Тешко дека некој ќе вложи пари во „Алта банка“, политичките изјави не се доволни

Економскиот аналитичар Славко Лазовски изрази сомнеж дека лесно ќе се најде инвеститор подготвен да ја преземе „Алта банка“ во Битола, и покрај најавите за интерес од повеќе банки.

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Лазовски оцени дека потенцијалните купувачи нема да се водат од политичките изјави, туку од сопствените финансиски интереси и реалната состојба на банката.

„Нормално е и прифатливо политичката власт да кажува дека ќе стори сè за да ја санира ситуацијата, дека се труди да најде купувач. Меѓутоа, банкарите, банките или акционерите не се водат од изјавите на политичарите, туку од сопствениот интерес“, посочи Лазовски.

Тој смета дека евентуалната продажба ќе зависи од проценката на финансиските ризици и интересот на потенцијалните инвеститори.

„Не верувам дека некој ќе најде свој интерес да вложи во Алта банка во Битола. Мали се веројатностите“, изјави Лазовски.

Во интервјуто беше отворено и прашањето за веродостојноста на финансиските извештаи на банката, како и за тоа дали јавно достапните податоци ја отсликуваат нејзината актуелна состојба.

Според Лазовски, банкарскиот сектор функционира врз основа на доверба, поради што секоја неизвесност околу финансиската состојба на една банка може да има пошироки последици.

Тој нагласи дека политичките најави сами по себе не се гаранција дека ќе се реализира продажба, бидејќи конечната одлука зависи од економската оправданост на евентуалната инвестиција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни