Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Лазовски за гувернерот Славески: Како може да не го интересира кој е сопственик на „Алта банка“?

Лазовски за гувернерот Славески: Како може да не го интересира кој е сопственик на „Алта банка“?

Економскиот аналитичар Славко Лазовски упати остри критики кон гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради неговите изјави во јавноста за сопственичката структура на „Алта банка“ во Србија.

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Лазовски оцени дека монетарните власти имале обврска детално да го проверат инвеститорот пред да му дозволат влез во македонскиот банкарски сектор.

Осврнувајќи се на изјава на гувернерот во која, според разговорот во емисијата, тој посочил дека не знае колкав е сопственичкиот удел во банката во Србија, Лазовски праша како е можно ваквите информации да не бидат од интерес за првиот човек на Народната банка.

„Како може гувернерот на Народната банка да не го интересира? Тоа не е така“, изјави Лазовски.

Тој објасни дека пред да се одобри преземање на домашна банка, надлежните институции треба да располагаат со информации за купувачот, неговата финансиска состојба и сопственичката структура.

„Кога се носи одлука за влез на банка во нашата земја, се разгледуваат податоците за тоа кој е купувачот, па дури потоа се носи решение да му се овозможи влез во банкарскиот сектор. Тоа дека не знае кој е, тој морал да знае“, нагласи Лазовски.

Според него, ваквите информации морале да бидат дел од постапката во која било одобрено преземањето на Стопанска банка АД Битола.

Лазовски смета дека случајот со „Алта банка“ отвора сериозни прашања за начинот на кој се врши контролата на инвеститорите во банкарскиот сектор и одговорноста на институциите при донесувањето на таквите одлуки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни