Македонија

Легалните таксисти ќе имаат жолти табли – Бектеши најави мерки за таксистите

Легалните таксисти ќе добијат жолти табли. За тоа ќе треба да исполнат неколку услови. Да имаат лиценца, да плаќаат данок и да издаваат фискална сметка. Ова е една од мерките што се усвои синоќа од Владата на предлог на Министерството за економија, за борба против илегалната конкуренција на таксистите. Бектеши рече дека со усвојувањето на оваа мерка исполнето е едно од ветувањата на Владата.

За овој предлог изразија сомнеж некои од таксистите кои ги праша ТВ21.

Освен мерката за таксистите, Бектеши најави и субвенции од страна на Министерството за набавка на нови автомобили и субвенции за промена на типот на горивото. Бектеши информираше дека е предвидено и поставување еколошки налепници на автомобилите.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни