Балкан

Лекари во Србија првпат вградија вештачко срце кај тринаесетгодишник – трет ваков случај во светот

Лекари во Србија првпат вградија вештачко срце кај тринаесетгодишник – трет ваков случај во светот

Тим од Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ и од Институтот за здравствена заштита на мајка и дете „Д-р Вукан Чупиќ“ успешно имплантираше механичка циркулаторна поддршка (вештачко срце) кај тринаесетгодишен пациент од Сараево.

Лекарите нагласуваат дека станува збор за исклучително сложена процедура која служи како „мост“ до трансплантација на срце. Според РТС, ова претставува важен чекор напред за детската кардиохирургија во Србија.

Момчето се опоравува добро. Интервенцијата му го продолжила животот и му овозможува безбедно да чека на потребната трансплантација на срце.

Кардиохирургот д-р Саша Боровиќ изјави дека вакви процедури се изведуваат само во мал број врвни центри во светот. Тој додаде дека со заедничка работа и искуство, тимот успеал успешно да го вгради вештачкото срце кај 13-годишниот пациент.

Според возраста на детето, ова е една од најретките интервенции од овој вид: досега биле оперирани двајца помлади пациенти во САД, а третиот случај е реализиран сега во Србија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни