Лекарите бараат 100.000 денари плата до Нова година, ќе ја поддржат онаа опција која ќе има слух за нивните барања

Сегашната основна плата на докторите специјлисти е 44 517 денари, а  барањето на Самостојниот синтикат на лекари на клинички центар  е до крајот на годинава да се искачи на 100 000 и двојно покачување на останатите здравствени работници. Со најавата за превремени избори се скратува рокот за реазлизирањето на ветувањето на премиерот и министерот за здравство. Од Самостојниот синдикат на Клинички центар бараат ова ветување да се реализира пред формирањето на техничка влада.

-Да ги потсетиме премиерот и министерот за здравствео  за тоа што го ветија. 100 000 денари плата на доктор специјалист во Клинички центар, истовремено двојно зголемување на платата на здравствените работници. Тоа не е исполнето до сега и покрај  што власта се обидува да не убеди дека ние сме ги добиле тие 100 000 денари. Со пресметки на додатоци на плата, на дежур ство на двојна работа-вели Горан Беговиќ, претседател на самостоен синдикат на Клинички центар.

-Ние го започнавме зголемувањето на платата уште минатата година, продолживме оваа година, со тоа што изборите се закажани 6 месеци порано може да не ни дозволи основната плата да биде 100 000 денари, но сигурно ќе стигнеме до плата од 100 000 денари заедно со дежурствата. Секако дека следната година и до крајот на годината, се надевам дека ќе се обезбедат буџетски сретства таа плата да стигне како основна плата-вели Филипче.

Беговиќ вели дека на најавените избори  како Синдикат на клинички центар ќе ги поддржат оние кои ќе излезат во пресрет на нивните барања без оглед како што изјави дали се СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ или која и да било друга партија. Потенцира да не биде погрешно сфатен дека никој никому нема да влијае. Одлуката останува на секоја индивидуа, но дека не можат, а да не го испочитуваат евентуалното  исполнување на барањата.

-Доколку нешто се исполни од она што ние го бараме, има некој ред да ние тоа јавно го поддржиме. Ќе го повикаме нашето членство да ја поддржи онаа политичка опција која би ни овозможила подобар стандард, помал одлив на докторите и би ја зголемила платата и на докторите и на останатите здравствени работници-изјави Беговиќ.

-Изјавата беше надополнета со некакво гласање што сметам дека не е умесна навистина, бидејќи сметам дека исполнувањето на политиките на оваа влада е процес кој веќе започна, кој тече и кој води кон исполнување на ветеното до 2020 година-рече Филипче.

Од Синдикатот  најавуват дека ако ова ветување не се реализира следува шрајк. За две години платата на лекарите е покачена за 15 %.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното