Лекарите и полицијата со апел до граѓаните: Помалку алкохол и подалеку од пиротехнички средства

Иако е празник и време за славење, треба да бидете внимателни со алкохолот и храната. Ова се советите на Шпреса Хасани од Здравствен дом Скопје.

10 екипи од Брзата помош се на готовс за Скопје и околината. Доколку ви е потребна итна медицинска помош, вртете на бројот 194.

Се вчитува...

Подготвена е и полицијата, која упати апел да се избегнуваат пиротехничките средства и се друго што го нарушува јавниот ред и мир. За нивна употреба казната е од 200 до 500 евра.

„Апелираме и до учесниците во патниот сообраќај да бидат внимателни и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол“ – МВР Скопје.

Полициските екипи вечерва се во служба на граѓаните, а во случај на потреба можете да ги барате на бројот 192. Бројот на противпожарните екипи е 193.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21