Матичните лекари немаат добиено упатство од здравствените власти на кои пациенти да им го препишат лекот „Ивермектин“ и во колкави дози. Веќе е достапен во дел од аптеките.
Овој лек се покажал како ефикасен во лекувањето на Ковид-19, кај нас досега се користел само во ветеринарството, сега за првпат е регистриран и за употреба кај луѓето.
Од Министерството за здравство велат Ивермектинот се препорачува во три сценарија, кај ризични групи работници коишто имаат висок ризик да заболат, луѓето кои што биле во допир со заболен- потврден контакт и кај луѓе коишто се заболени. Кај трите групи граѓани има различна индикација и различно дозирање затоа е важно апликацијата да биде под контрола на лекар.
Ивермектинот од аптека може да се купи само со рецепт за 299 денари.