Балкан

Лекот кој ми го врати животот, србинката Ана за Трикафта која Благојче не ја дочека во Македонија и умре од цистична фиброза

Лекот кој ми го врати животот, србинката Ана за Трикафта која Благојче не ја дочека во Македонија и умре од цистична фиброза

После првото примање на лекот Трикафта, после тој прв ден со Трикафта дојдоа моите моменти кога сфатив дека остатокот на животот е единствено мој и едвај чекам да го живеам, вака 30-годишната Ана Костадиновиќ од Србија, пациентка од цистична фиброза лани во септември за BBC на српски јазик ја опиша промената која и ја донел овој нов лек за болните од цистична фиброза.

Сосема спротивно, во многу чекање, со тежок нецелосен здив со години, без и да дочека да види дали е направен првиот чекор за набавка на овој современ лек, си замина 45-годишниот битолчанец Благојче Илиевски.

Фотографијата на која го гледаме овој борец кој ја загуби битката со цистичната фиброза, е како седи, со маска во одаите на претседателскиот кабинет, а до него е претседателот Стево Пендаровски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни