Лет на компанијата „Рајанер“ од Лондон до Солун кој требало да трае само неколку часа, се претворил во вистинско патешествие откако поради густата магла не можел да слета во грчкиот град, па слетал дури во Романија во градот Темишвар. После долго чекање, грчките власти испратиле авион до Темишвар да ги земат патниците кои стигнале со „дебело“ задоцнување.
Летот го напуштил аеродромот „Стестед“ во 17:19 часот, и се очекувало во Солун да пристигне нешто пред 22 часот по локално време. Но додека бил над Македонија, тој ја сменил дестинацијата.
Авионот не слетал ниту во Скопје, ниту во Софија, туку во Темишвар, град кој се наоѓа во близината на унгарската граница. Одлуката била поради тоа што компанијата има база на овој аеродром.
И тоа не било се, туку патниците ја минале ноќта на овој мал аеродром во романскиот град, а меѓу патниците имало и деца.
