Летонскиот парламент денеска ја прогласи Русија за „државен спонзор на тероризмот“, пренесоа АФП и БТА, повикувајќи се на соопштение објавено на веб-страницата на законодавното тело.
Парламентот „ја признава Русија како државен спонзор на тероризмот“ и ги поканува другите земји да „го изразат истото мислење“.
Сеимас ги признава акциите на руските војници во Украина како тероризам и ги повикува земјите од ЕУ веднаш да престанат со издавање визи за граѓаните на Русија и Белорусија.
Според латвиските парламентарци, Русија „многу години поддржувала и финансирала терористички режими и организации на различни начини – директно и индиректно“.
Пратениците „одлучно ја осудуваат воената агресија и големата инвазија на Украина (…) што се случи со поддршка на белорускиот режим“. Во таа насока, парламентарците ја повикуваат „евроатлантската заедница и нејзините партнери итно да зајакнат и да воведат сеопфатни санкции против Русија“.
Жителите на Латвија кои прифаќаат руско државјанство ќе мора да ја напуштат земјата. Според тоа, „ќе треба да се воведат појаснувања во законите“, изјави денеска на Твитер министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.
Во Летонија живеат над 50.000 граѓани на Руската Федерација, додава ТАСС.