Летото ќе биде тука и денес и утре, но студениот фронт ќе се пресели во сабота во недела и температурите ќе опаднат. Студеното време ќе се задржи и во текот на наредната недела.
Во сабота и недела го затвораме летото како што го знаеме.
Во септември секогаш има период на разладување и тоа е нормално.
Климатологот на 4NEWS.mk предвидува дека во вторник ќе навлезе студен воздух. Во среда и четврток ќе има намалување на температурите.
Аномални температури се очекуваат во раните утрински часови на 22 септември. Од 8 до 10 степени ќе биде температурата во речиси цела Европа.