Исповед што ја замрзнува крвта. Мајката на момчето кое го преживеа масакрот ги откри деталите
– Син ми беше во кабинетот кога К.К. отворил оган врз нив. Од сигурна смрт се спасил кога во моментот на пукањето легнал покрај својата почината пријателка. Легна до неа и се преправаше дека е мртов. Во моментот кога веќе не ги слушаше истрелите, во крв скокна низ прозорецот и си замина дома, каде ми рече „Ги уби сите, сите“ – раскажува мајката на преживеан малолетник за „Телеграф“.
Момчето се уште е во шок од страшното злосторство, невидено на нашите простори.
Инаку, К.К пукал во неговиот клас со кој посетувал настава.