Свет

Лидерот на Народна Република Доњецк рече дека судот ќе одлучи за судбината на борците на Азовстал кои се предадоа

Лидерот на Народна Република Доњецк рече дека судот ќе одлучи за судбината на борците на Азовстал кои се предадоа

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, изјави дека судот ќе одлучи за судбината на украинските бранители на металуршкиот комбинат Азовстал во Мариупол кои се предале, објави Ројтерс, цитирајќи локални медиуми.

Претходно денеска Русија соопшти дека од понеделникот од бункерите и тунелите под Азовстал излегле вкупно 959 украински борци, вклучувајќи 80 ранети.

Пушилин рече и дека највисоките команданти на украинските единици во централата сè уште не заминале.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни