Лила и Карлеуша се киснат во Охридско џакузи

Убавата телевизиска водителка и инфуенсерка Лила Филиповска денеска замина на заслужен одмор во прекрасниот Охрид. Во нејзино друштво е и долгогодишниот пријател и асистент Спасе кој ја придружува на речиси секое патување.

Од она што таа ни го приложи на социјалните мрежи е дека како за прв ден таа максимално ужива во убавините кои и се пружаат таму. Од луксузен апартман па се до бањање во џакузи, а потоа и убава македонска храна.

Она што посебно е интересно е дека случајно или не, Лила одлучи да замине во Охрид токму кога е закажан и настапот на балканската ѕвезда Јелена Карлеуша токму во Охрид, па дали случајно се вклопија коцките или Лила замина со намера вечер да ужива во хитовите на Карлеуша останува да видиме малку подоцна.

Дека охриѓани се вистински домаќини на дело зборува и третманот кој денес го добила и Јелена. Имено, таа на социјалните мрежи приложи фотографии на кои што може да се види дека и таа е сместена во кралски апартман, со џакузи и преубав поглед кон Охридското езеро.

Настапот на Карлеуша инаку е закажан за вечерва, со почеток од 20 часот во Egoist Beach bar i restaurant.