Лице барано од полицијата приведено во обид да ја напушти Македонија

На 29.12.2018 година во 23,55 часот во Полициската станица за Граничен премин Табановце на излез од Р.Македонија, при извршена пасошка контрола констатирано било дека лицето Д.М.(34) од Кочани се барало по телеграма од МВР-Одделение за потраги. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка .

Извор: ТВ21