Македонија

Лице со Алцхајмер исчезна во Карпош 1 – семејството апелира за помош

Лице со Алцхајмер исчезна во Карпош 1 – семејството апелира за помош

Во попладневните часови денеска, околу 17:00 часот, во скопската населба Карпош 1, е пријавено исчезнување на Киро Цинциевски, лице кое боледува од Алцхајмер.

Според информациите од семејството, Цинциевски бил облечен во кремаста јакна, црни тренерки и црни патики, а на главата носел темен, шарен качкет.

Семејството апелира до граѓаните доколку го видат лицето веднаш да се јават на телефонскиот број 072 228 979 или да известат во Полициската станица Карпош.

„Ве молам, секоја информација е важна за да го најдеме Киро. Ви благодариме на помошта!“ велат од семејството.

Полицијата и семејството апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да го пријават секој можен сигнал за местоположбата на исчезнатото лице.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни