Литванија ќе постави близу 200 сирени во 100-километарската област со потенцијален удар на нуклеарната централа Островец во соседна Белорусија.
Одделот за пожари и спасување, кој работи под Министерството за внатрешни работи во Литванија, соопшти дека во блиска иднина ќе бидат купени 197 сирени.
Ќе се направи договор за вклучување на градови како Укмерг, Тракаи и главниот град Вилнус.
Според соопштението, главната цел е заштита од нуклеарната централа лоцирана во Белорусија.
Со имплементација на проектот, повеќе од 800.000 литвански граѓани рано ќе бидат предупредени за можна опасност.
Набавката на сирените и придружната опрема ќе биде финансирана од фондовите на ЕУ и Норвешкиот финансиски механизам.
Нуклеарната централа Островец се наоѓа на 40 километри источно од Вилнус, главниот град на Литванија.
Електраната, чија изградба започна во 2013 година, стана оперативна во јуни 2021 година. Втората единица на централата, која земји како Литванија и Украина не ја сакаат поради безбедносни причини, се очекува да биде активна оваа година. Со активирање на споменатиот блок, вкупната инсталирана моќност на електраната ќе се зголеми на 2.400 мегавати.
