Македонија

Локализиран пожарот во делчевско Разловци

Локализиран пожарот во делчевско Разловци

Локализиран е пожарот кој денес околу пладне избувна кај месноста Лаката во атарот на делчевското село Разловци. Во пожарот интервенираше екипа на Територијалната противпожарна единица од Делчево, од каде информираа дека пожарот е ставен под контрола.

-Веднаш по дојавата за пожарот од страна на жители, со едно возило и четворица пожарникари интервениравме кај месноста Лаката. Навремената интервенција придонесе пожарот да не се прошири во блиската околина, информираа од ТППЕ Делчево.

Според првични проценки, во настанатиот пожар е изгорена поголема површина претежно со нискостеблеста вегетација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни