Свет

Лондон предвиде неуспех на обидите на Русија да го подигне борбениот дух на армијата

Лондон предвиде неуспех на обидите на Русија да го подигне борбениот дух на армијата

Русија се бори со „кревкиот морал“ на своите војници, кои изразија загриженост за „високите стапки на жртви, лошото раководство, проблемите со платите, недостигот на опрема и муниција и недостатокот на јасност за целите на војната “. Ова се наведува во дневниот резиме на британското разузнавање за војната во Украина.

Според одделот, напорите на т.н „Креативните бригади на првата линија“ веројатно нема да можат да ги отстранат овие грижи и да го подигнат моралот.

Ставот на британското Министерство за одбрана доаѓа откако руското Министерство за одбрана на 14 декември објави дека се создаваат две „креативни бригади на фронтот“ за одржување на високиот морал, политичка и психолошка состојба на војската. Тие ќе вклучуваат оперски пејачи, актери и циркузанти.

Историски музички изведби и забава за војската се организираат во многу вооружени сили ширум светот, но во Русија тие првенствено се поврзани со советските идеи за идеолошко и политичко образование, забележува Би-Би-Си.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни