Последното извлекување за 2022 година ќе биде во петок.
Џекпотот на американската лотарија Мегамилион достигна 640 милиони долари. На синоќешното извлекување никој не успеа да ги погоди сите бројки и да освои 565 милиони долари, па добивката за следното извлекување се зголеми за цели 75 милиони долари.
Последното извлекување за 2022 година ќе биде во петок, а сумата ќе биде најголемата досега собрана на крајот на годината. Џекпотот на MegaMillions надмина 600 милиони долари само пет пати во својата 20-годишна историја.