Повеќе од 5 месеци нѐ делат од предвремените парламентарни избори, а дел од партиите веќе тргнаа во лов по гласови преку организирање трибини и средби со граѓаните. Не одмораат ниту за викенд. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Струмица повторно го обвини неговиот опонент Христијан Мицкоски.
Мицкоски пак беше во Куманово. Од таму порача дека на Македонија не ѝ се потребни луѓе кои постојано грешат, а потоа излегуваат и се извинуваат.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на Изборното собрание во Тетово за претседател на огранокот, рече дека никој не може да го сруши замокот кој го градел со години.
Зијадин Села, на младинскиот форум на Алијанса за Албанците, рече дека ќе се борат против погрешниот концепт кој се градел низ годините.
Инаку, до закажаните избори на 12 април следната година, остануваат уште 160 дена.