Пејачот Ацо Пејовиќ веќе со години е во складен брак со својата сопруга Билјана, со која има три ќерки.
Општо познато е колку Ацо ја сака својата сопруга и со колкава гордост секој пат разговара за неа.
Сега пејачот открива како воопшто оваа љубов се родила и признава дека Билјана всушност го „намамила“ него, а ја запросил по само 7 дена врска.
„Билјана ја знаев од гледање онака, постоеше тука некоја симпатија. Јас тогаш имав неколку кафулиња под наем и таа една вечер дојде во еден од нив, и ми пријде. И сега им признавам на децата дека всушност нивната мајка ме „смува“ мене“, вели Пејовиќ во емисијата „Од профил“.
Тој додава дека тие се забавувале седум дена, а потоа била нејзината матура каде во истата ноќ и ја запросил.
