Свет

Лукашенко се закани: Белорусија нема да остане на страна доколку НАТО дојде во Украина

Лукашенко се закани: Белорусија нема да остане на страна доколку НАТО дојде во Украина

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска изјави дека доколку мировниците на НАТО дојдат во Украина, постои опасност од Трета светска војна и во тој случај Белорусија нема да остане на страна.

-Гледате дека овие Полјаци полудеа, тие веќе предлагаат, го поканија (американскиот претседател Џозеф Бајден) од преку океанот, а сега му ја полнат главата за да создадат мировни сили од 100.000 луѓе и да ги донесат во Украина преку Лавов. Разбирате дека тоа е Трета светска војна. И што мислите, дека Белорусија ќе остане на страна и ќе биде толку префинета, рече Лукашенко, пренесува белоруската агенција Белта.

Полска повика на воведување мировни сили на НАТО во Украина, за што на 16 март зборуваше полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни