Четири лица се повредени при уривање на платформа на луксузен ресторан во населбата Бебек Арнавуткој на Босфорот.
Според весникот „Милет“, околу 15-20 муштерии паднале во водите на Босфорот, но со помош на луѓето од ресторанот и околните објекти кои дошле на помош, сите биле неповредени извлечени од водата. На местото на настанот се испратени противпожарни возила, брза помош и медицински екипи.
Во писмената изјава за случајот од Големата општина Истанбул, беше објавено дека предметниот објект бил двапати санкциониран и затворен од контролните органи, бидејќи не ги исполнувал условите. Иако ветиле дека ќе направат поправки, сопствениците на ресторанот продолжиле да ги опслужуваат клиентите.
Објектот е подигнат на потпорници забиени во водата. Се претпоставува дека најверојатно изгниле и тоа го предизвикало колапсот. За среќа, тендата испружена над платформата не била погодена, во спротивно можеше да има жртви.
Повредените се примени во болница без повреди опасни по живот.