Цел ден чекаме одговори од М-НАВ за проблемот кој сами го пријавиле преку објавување на НОТАМ (Notice to Air Missions) што значи официјално воздухопловно известување.

NOTAM-ите ги издаваат националните воздухопловни власти или службите за воздухопловни информации (AIS – Aeronautical Information Service).Во Македонија тоа го прави М-НАВ преку својата воздухопловно-информативна служба.
Одговор на прашањата не добивме, не добивме ниту демант. За реакцијата дознавме од МИА (Медиумска имформативна агенција), па затоа да појасниме неколку работи:
“Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии” – ние никаде не тврдиме дека во моментов има проблем или потешкотии во авиосообраќајот, туку дека проблемот бил од 19/05/2026 10:32 до , 21/05/2026 12:00 согласно издадениот НОТАМ.
“Во однос на дезинформацијата за немање безбедна ВХФ комуникација со пилотите“, во нашиот текст никаде не се наведува дека нема безбедна или небезбедна комуникација.
“…сакаме да ја известиме јавноста дека во овој момент се користи Солунска Глава како примарна точка од каде се комуницира со пилотите“, никаде во текстот немаме наведено дека проблемот е во моментов, туку цел текст е во минато свршено време (ако надлежните знаат да прават разлика во глаголите)
“Дезинформациите се дневополитички на поединци кои сакаат да постигнат одредена цел за личен бенефит, а притоа инволвирајќи го М-НАВ во тоа“, и да, немаме никакви политички амбиции.
Прашања на кои сè уште чекаме одговор:
1. Која е точната причина за прекинот на микробрановата мрежна конекција со IP радио станиците на Солунска Глава? Дали се работи за хардверски дефект, софтверски проблем, надворешен фактор или нешто друго?
2. Колку долго беше прекинот, кога точно се очекува дефектот да биде целосно отстранет и воздушниот простор да се врати во нормала, без никакви рестрикции во висините и воздушните патишта?
3. Дали е регистриран инцидент при што два воздухоплови се доближиле до недозволена близина?
4. Зошто нема функционален резервен (редундантен) систем? Во вакви критични инфраструктури вообичаено постои „бек-ап“ врска која автоматски ја презема работата при испад на главниот систем. Зошто тоа не се случи во овој случај?