„Маче дремалче“: Може да заспие секаде, но најдобро се чувствува во прегратките на својот сопственик

Мачки. Имиња за преслатки, глеливи, но и лукави суштества кои имаат „девет животи“. Во тој случај, најмалку седум се трошат на спиење.

Шегата настрана, дали некогаш сте се запрашале зошто мачињата можат да дремат цел ден?

Според научните студии, се смета дека тие еволуирале за да поминуваат повеќе време во спиење.

За дивите мачки, добриот сон се подразбира заради енергија и сила за лов.

Од друга страна, домашните мачки кои живеат во стан или куќа немаат потреба од лов, но останал инстинктот за долг сон и одмор.

Ретко ќе заспијат бидејќи таква им е природата.

Затоа е нормално мачките да спијат неколку пати на ден, но овој одмор и сон е значително пократок од оној на луѓето.

Во просек, мачките поминуваат 16 часа дневно во одмор или спиење.

Сепак, има и мрзливи луѓе кои оваа саатница можат да ја стават над 20 часа. Се чини дека миленичето од клипот е токму тоа.

Може да дреме по цел ден, а омилено место му е раката на сопственикот.