Мадона обвинета за копирање на Ким Кардашијан

Американската светски позната пејачка Мадона ги налути своите следбеници објавувајќи фотографија на својот Инстаграм профил, која речиси очигледно е „фотошопирана“.

Ова беше повод за непристојни споредби со старлетата Ким Кардашијан.

„Мадона Кардашијан?“, „Престани да ја имитираш Ким. Дали заборави дека си Мадона?”, „Не треба да ги обработувате вашите слики со ’Фотошоп‘, тоа е смешно!” „Што се случи со вистинската Мадна?“ – се само дел од коментарите.

Во своето селфи, пејачката гледа во камерата, облечена во розова проѕирнa маица преку која се гледа нејзината долна облека. А горе, како „да нема образи“ – буквално триаголно лице, и најважно, со изразени, бујни усни.

Следачите и обожавателите веднаш се поделија на „за“ и „против“ самосликот, но на повеќето не им се допадна изменетиот изглед на русокосата поп-ѕвезда.

Тие ја обвинија дека претерала со пластичните хируршки зафати или дека ја обработувала сликата преку „Фотошоп“.