Македонија

Мајка на загинат 25-годишен во Чаир: „Ако нема правда, јас ќе ја земам во свои раце“

Мајка на загинат 25-годишен во Чаир: „Ако нема правда, јас ќе ја земам во свои раце“

Слаѓа Хаџибулиќ, мајка на 25-годишниот Ален Цириковиќ, кој починал откако 12 дена бил во кома, јавно апелира за правда преку порака испратена до редакцијата на 4NEWS.mk. Таа тврди дека институциите молчат и дека никој не реагира на смртта на нејзиниот единствен син.

„Кажете кој е тој што го усмрти мојот син единец, Ален Чириковиќ. Никој не пишува, ниту се обраќа. Јас сум мајка. Ако нема правда, јас ќе пресудам,“ напиша таа во својата порака.

Хаџибулиќ објаснува дека трагедијата се случила на 9 мај, кога нејзиниот син паднал во кома. По 12 дена, на 21 мај, семејството го погребало, но, според неа, случајот не добил никакво внимание.

„За сите дигнавте фама, а што сум јас? Сè ќе дадам за мојот син единец, тој што шета слободен. За Фросина и Југослав дигнавте сè на нозе, јас цело Скопје ќе го дигнам,“ додава таа.

Во пораката, мајката потенцира дека верува во медиумите, но дека ова е „последен пат“ кога се обраќа. „Јас правда ќе превземам, пошто сите ќутат. Немам што да изгубам, го изгубив најмилото,“ завршува нејзиниот апел.

Што се случи?

Пишува сестрата на Ален, Дина:

На 09.05.2025 година мојот брат Ален Цириковиќ (25) доживеа тешка сообраќајна несреќа. По 12 дена борба, почина, оставајќи зад себе семејство кое никогаш нема да ја преболи оваа загуба. Денес се полни три месеци од таа трагедија, а неправдата станува уште поголема.

Во овие три месеци гледаме како за други случаи се крева врева, институциите реагираат со сите сили, медиумите се полни со вести и изјави. А нашиот случај? Нашата болка? Нашата вистина? – намерно се заташкува.

Зошто виновникот сè уште е на слобода? Зошто никој не презема одговорност? Дали некој мисли дека со молчење ќе нè скрши?

полицијата, обвинителството и судството ја газат правдата! Наместо да го заштитат законот, тие го штитат виновникот. Ова е корупција, селективна правда и глувост на системот.

Мојот брат нема да се врати, но нема да дозволиме неговиот живот да биде избришан. Ако институциите и понатаму молчат – ние нема да молчиме. Ќе прозиваме јавно, секој ден, секаде и пред сите.

И да биде јасно: доколку државата не преземе ништо, ние самите ќе ја земеме правдата во свои раце.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни