Несреќната жена скокнала од 12 кат од зградата и починала, додека нејзиното дете за чудо преживеало.
Жена (29) скокнала од 12 кат од зграда со петгодишно дете во рацете. Таа починала, а детето е во болница со тешки повреди. Несреќата се случила во четвртокот во Днепар, Украина.
Полицијата во станот во близина на прозорецот пронашла стол од кој се претпоставува дека скокнала жената. Се сомнева дека се работи за самоубиство.
Според податоците на Државната служба за итни случаи, жената од здобиените повреди веднаш починала. Детето преживеало, но се здобило со бројни повреди. Спасувачите со помош на скала го спуштиле детето од тендата и го испратиле во болница.
Кај момчето е констатирана повреда на мозокот, модринки на градниот кош и стомачните органи и повеќекратни скршеници на коските. Според докторот, се уште е рано да се даваат какви било прогнози за понатамошното закрепнување на детето, бидејќи состојбата на момчето се уште не е стабилизирана. Потребни се 5-7 дена. После тоа, детето ќе биде префрлено на хируршкото одделение.
Службениците за спроведување на законот ги истражуваат сите околности на инцидентот.
ФОТО: Архива