Македонија

Мајката на Ивана: Катја им рекла на болничарите „јадев ѓевречиња, а тато ме заклучи во станот и излезе да вежба“

Мајката на Ивана: Катја им рекла на болничарите „јадев ѓевречиња, а тато ме заклучи во станот и излезе да вежба“

Љубица Стојановска, мајката на починатата Ивана Јовановска, пред судот раскажува дека нејзината ќерка била физички нападната од Стојанче Јовановски во јануари и тоа на Клиниката за дигестивна хирургија.

Како што вели, таа била хоспитализирана поради болки предизвикани од удар – хематом во абдоменот.

„Кога отидов на посета, дознав дека Стојанче ја бутнал по скалите. Главната сестра на хирургијата не праша дали знаеме што се случило и нè внесе во соба со Ивана. Дојде полиција и ни кажа дека Стојанче бил во посета, се расправале пред лифтовите, и сакал да ѝ ги земе телефоните за да види со кого комуницирала, а Катја кажала: „Тато ја бутна мама по скали“, рече мајката.

Еден болничар ја кренал Ивана и ѝ направиле компјутерска томографија на глава, додека пак Катја ја згрижиле сестрите на кои им рекла „јадев вчера ѓевречиња, а тато ме заклучи во станот и излезе да вежба“.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни