Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Свет

Мајката на Пеле се уште не знае дека тој починал

Мајката на Пеле се уште не знае дека тој починал

Мајката на ПЕЛЕ, Селест (100) се уште не знае дека нејзиниот син починал минатиот четврток, открила за бразилските медиуми сестрата на Пеле, Марија Лусија до Насименто. Таа веќе некое време се грижи за нејзината мајка и тврди дека се уште не и ја соопштиле веста бидејќи семејството не е сигурно како да се справи со тоа.

Освен тоа, Селест е и дементирана, па не е ни способна да разбере што и се зборува во секое време, а прашање е дали воопшто би можела да се сети на таа вест доколку еднаш се соочи со неа. „Зборуваме, но таа не разбира што се случува. Таа е во свој свет. Ги отвора очите кога ќе го спомнам неговото име и велам: „Ќе се молиме за него“, но таа не е навистина свесна што јас. велам“, рече Марија Лусија до Насименто.

Потсетиме дека Пеле почина на 82-годишна возраст во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло на 28 декември од повеќекратно откажување на органите поврзано со неговата долга борба со ракот на дебелото црево и треба да биде погребан во делот на Сао Паоло наречен Сантос.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни