Свет

Мајмунски сипаници потврдени и во Финска

Мајмунски сипаници потврдени и во Финска

Финска го потврди првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.

Во средата во регионот на Хелсинки беше откриена инфекција со ортопоксвирус, а сега е секвенциониран геномот на вирусот и потврдено е дека се работи за мајмунска сипаница, објави Ројтерс.

Светските здравствени власти алармираат за зголемување на случаите во Европа и други места поради појавата на мајмуни сипаници, која е вид на вирусна инфекција честа во Западна и Централна Африка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни