Балкан

Македонец приведен во Албанија, шверцувал мигранти за 2.500 евра по лице!

Македонец приведен во Албанија, шверцувал мигранти за 2.500 евра по лице!

Македонски државјанин денеска е приведен во Албанија откако се обидел да транспортира нелегални мигранти во Италија.

Во полициското соопштение стои дека за време на контрола на патниот правец Кашар-Тумане, двајца нелегални мигранти биле пронајдени во автомобилот на Ј.Н. (41)  државјанин на Северна Македонија.

Според информациите, тој бил приведен на лице место, а за случајот е спроведена и истрага која покажала дека тој се обидел да ги пренесе мигрантите во Италија, за износ од 2.500 евра по лице.

Исто така, во случајот осомничен е и М.А. (33) албански државјанин од Драч по кого се трага.

Во соработка со Обвинителството, истрагата продолжува за идентификување и доведување пред кривична одговорност на други граѓани кои евентуално биле вклучени во овој случај.

Процедуралните материјали се упатени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни