Свет

Македонец убиен во САД, му ја запалиле фирмата

Македонец убиен во САД, му ја запалиле фирмата

48 годишен Македонец е пронајден мртов во неговата фирма во Крествуд во американската држава Илиноис.

Станува збор за Дане Котески, а неговото тело било пронајдено на вториот кат од зградата.

Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен во Холанд, на околу 145 милји од Крествуд и дека е утврдено дека станува збор за возач кој работел кај починатиот Котески.

Полицијата го карактеризира злосторството како „изолиран инцидент, насочен само кон жртвата“.

За помош на семејството на починатиот Котески, започна хуманитарна кампања преку платформата GoFundMe. Секој што сака да помогне може да донира средства, а секоја помош ќе биде од големо значење за семејството во овие тешки моменти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни