Македонија на 24. место во светот по пад на населението

Молдавија на првото, Бугарија на второто, БИХ на третото место на листата по пад на население. Молдавците го држат првото место со дури 53% пад на население. Оваа листа ја објавија Обединетите Нации.

Македонија се најде на 24 место по падот на население со 28.8%, и се најде позади Ел Салвадор, а пред Тринидад и Тобако. Пред Македонија со поголем пад се наоѓа Грција која има нешто повеќе од 31% пад на бројката на население.

Се вчитува...

Најголемиот пад се случува поради иселување од државата, особено на младата популација која среќата ја бара со работа во странство. Падот на населението може да се очекува и во следниот период, ако се оствари најавеното олеснување за македонските граѓани да работат во Германија.

Најголем пораст на население, пак, има Нигер со дури 761%. После нив следуваат Замбија и Танзанија.

Извор: ТВ21